Состојки:
2-3 парчиња од свински нозе
2-3 парчиња телешки нозе
Телешки мускул
Лук по вкус
Ловоров лист
Мајоран
Сол, црн пипер (мелен и во зрна)
2 моркови
Приготвување:
- Откако убаво ќе ги измиете, ставете ги нозете во големо тенџере или доколку имате, во експрес-лонец и варете ги заедно со црниот пипер во зрна и неколку ливчиња ловоров лист.
- При крајот додадете ги ренданите моркови, лукот, сол, мелен црн пипер и мајоран.
- Се заедно измешајте во блендер и поделете ја смесата во неколку садови во кои ќе ја чувате на ладно. (Обично се здрвува преку ноќ ако ја оставите на балкон, на ладно и веќе следниот ден може да се сече на коцки и да се јаде.)
- Можете да ја сервирате со сува црвена пиперка.