Дали чиа семето е здраво како што се верува?

Иако чиа семето во последно време станува сѐ попопуларно, особено меѓу љубителите на здравата храна, според експертите, тоа сепак има неколку несакани ефекти заради кои не треба да се консумира секојдневно.

0
1494
Фото: Unsplash

Чиа семето е богато со омега 3 масни киселини познати како алфа линоленска киселина, а некои истражувања ја поврзуваат оваа киселина со рак на простата.

Некои луѓе може да бидат алергични на ова семе дури и без да го сфатат тоа и иако тие се ретки, симптомите вклучуваат чешање, оток, повраќање и дијареа.

Луѓето кои страдаат од воспалителна болест на цревата треба да избегнуваат чиа семе во широк лак бидејќи е богато со влакна кои можат да предизвикаат абдоминална болка, надуеност и запек.

Во исто време, луѓето кои земаат лекови за регулирање на шеќерот во крвта треба да внимаваат на внесувањето на ова семе бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа може да го намали нивото на шеќер во крвта.