Чоколадна торта со урми и ореви

За љубителите на слатките есенски вкусови, чоколадната торта со ореви и урми е чисто задоволство!

0
633
Фото: Pexels

Состојки:

180 гр крупно сечкани урми
310 мл вода
1/2 лажичка сода бикарбона
50 гр кафеав шеќер или стевиа
60 гр омекнат путер
2 јајца
150 гр брашно
1 прашок за пециво
1/2 шолја сечкано темно чоколадо
1/4 шолја сечкани ореви

За глазурата

100 гр сечкано темно чоколадо
1/2 шолја слатка павлака
по желба додадете 1 лажица кафеав шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°. Калапот за печење со пречник од 18 цм подмачкајте го и набрашнете го.
Урмите сварете ги во вода, тргнете ги од оган кога водата ќе зоврие. Додадете сода бикарбона и добро измешајте. Оставете да се излади и повремено промешувајте.
Измешајте ги чоколадото, оревите, брашното и прашокот за пециво.
Со миксер се матат путерот и шеќерот. Додадете едно по едно јајце и добро измешајте. Додадете ги урмите и повторно добро измешајте. Смесата внимателно измешајте ја со брашното и чоколадото.
Истурете го тестото во подготвениот плех и печете околу 40 минути.
За глазурата измешајте ги чоколадото, слатката павлака и шеќерот. Гответе на тивок оган додека не се раствори шеќерот. Топлата торта прелијте ја со глазурата и поросете со сечканите ореви.