Дали стевијата е совршена замена за шеќер?

Дали стевијата е навистина здрава? Дали е таа совршена замена за шеќер? Еве што велат нутриционистите

0
248

Стевијата е растение кое не содржи калории, а исто така е 300 пати послатка од шеќерот. Во последно време стана многу популарна меѓу поборниците за здрава исхрана.

Стевија може да се најде на пазарот во течна форма или како екстракт/прав, и стана една од главните теми меѓу онлајн фитнес заедниците. Се смета за најздрав засладувач и како природна замена за шеќерот, кој за разлика од вештачките замени многу благотворно делува на здравјето, пишува Daily Mail.

Сепак, многумина се прашуваат дали растението кое е 300 пати послатко од обичниот шеќер е навистина толку здраво?

Нутриционистот Ријанон Ламберт, автор на книгата Re-Nourish: A Simple Way to Eat Well, вели дека стевијата е здрава алтернатива на шеќерот, иако може да ја поттикне желбата за дополнителен внес на шеќер.

Стевијата не содржи калории, токму поради тоа што се добива од листовите на лековитото зелено растение (Stevia rebaudiana) кои имаат сладок вкус заради гликозидот стевиозид.

Некои студии покажале дека земањето стевиозид може да го намали крвниот притисок, а има докази дека влијае и на инсулинот или дека може да го намали нивото на гликоза во крвта, а со тоа да биде од голема корист за луѓето со дијабетес тип 2.

„Многумина сугерираат дека стевијата сè уште испраќа сигнали до мозокот кои можат да ве поттикнат да внесувате повеќе шеќер, како што тоа го прави сахарозата. Дури и во тој случај, студиите не покажале дека ја зголемува потребата за храна, дека влијае на гладот ​​или ситоста“, заклучува Ријанон Ламберт.

Фото: Фејсбук