Три утрински напитоци за слабеење

Овие три пијалаци се најдобриот начин за да го забрзате метаболизмот наутро и да го потрошите вишокот масти. Состојките што ги содржат ќе ви дадат доволно енергија за сите ваши секојдневни активности, а влакната ќе ве одржат сити.

0
402

Освен што изгледа лошо, прекумерната тежина доведува до разни болести како што се дијабетес, хипертензија, замастен црн дроб, срцеви заболувања и го зголемува ризикот од рак.

Ако сакате да ослабнете треба да консумирате храна богата со растителни влакна, бидејќи дава чувство на ситост што придонесува за намалување на апетитот, а влакната се исто така неопходни и за правилно варење.

Овие три пијалаци се најдобриот начин за да го забрзате метаболизмот и да го потрошите вишокот масти. Состојките што ги содржат ќе ви дадат доволно енергија за сите ваши секојдневни активности, а влакната ќе ве одржат сити.

Одберете го вашиот фаворит, консумирајте го наутро и ослабнете без мака.

Состојки:

банана
портокал
2 лажици бадеми
2 лажици ленено семе
2 свежи или суви смокви
1/3 чаша вода

Приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса и пијте додека е свежо.

Забелешка: ако користите суви смокви, натопете ги во вода половина час пред употреба.

Состојки:

чаша малини (или некое друго зрнесто овошје)
јаболко
банана
1/2 лимон
лажица ленено семе

Приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса и пијте додека е свежо.

Состојки:

2 киви
1 банана
1/2 јаболко
портокал
лажица ленено семе
лажица лешници

Приготвување: Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса и пијте додека е свежо.

Фото: Pixabay