Кафе со млеко и тиква

Можеби мислевте дека сте пробале тиква во сите варијанти, ама еве уште една, најнова - со кафе и млеко. Може да ви биде замена за десерт

0
122

И есента има свои предности. Ете, љубителите на тиква можат да ја консумираат во милион варијанти, па дури и со кафе.

Можете сами да си подготвите пире од тиква и да го замрзнете во помали количини, на пример во садови за мраз.

Прилагодете го односот на зачините, видот на кафе и млекото по ваш вкус.

Не ви препорачуваме да додавате шеќер, особено ако е тиквата доволно блага.

Состојки за едно кафе:

1 шолјичка млеко

2 лажици пире од тиква

малку екстракт од ванила

1/4 шолјичка кафе

прстофат цимет, прстофат ѓумбир, прстофат морско оревче, прстофат каранфилче.

Приготвување:

Направете го вашето омилено кафе. Промешајте го пирето од тиква, млекото и зачините и загрејте ги во лонче додека не стане врело. Измешајте го млекото во кафето и мешајте додека не стане пенесто.

Доколку сте вешти во подготовката на млечна пена, одозгора ставете малку пена и поросете со зачини.

Фото: Unsplash