Намаз од рогач наместо нутела

Ова е наједноставната здрава алтернатива за вкусната Нутела. Убедете ги децата да ја пробаат и да ја засакаат

0
1288

Состојки:

100 г сирови излупени семки од сончоглед

2 лажици нерафинирано сончогледово масло

1 лажичка нерафинирано кокосово масло

1 лажичка мелен рогач

40 г мед

Приготвување:

Во блендер смелете го сончогледот па ставете го во сад и додадете ги другите состојки. Сѐ добро измешајте и префрлете го готовиот намаз во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.

Количината на масло и мед прилагодете ја според свој вкус во однос на тоа колку слатко и колку густо сакате да биде.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.