Потаж од тиква

Кога со денови сте на сува храна, сигурно добро ви доаѓа нешто течно - потаж или крем супа од тиква

0
981

Ви треба пола од оние долгите крушколики тикви (другата половина ќе си ја испечете за десерт).

1 кромид

1 чешне лук

сол, црн пипер во зрна

ловоров лист

масло од тиква

потпечени семки од тиква

малку босилек или нане по желба

Приготвување:

Излупете ја тиквата, исечете ја на парчиња и ставете ја во длабоко тенџере со вода. Додадете 1 кромид осечен на четвртини, сол, ловоров лист и неколку зрна црн пипер.

При крајот додадете едно чешне лук. Кога тиквата ќе омекне, трнете го тенџерето од оган и почекајте малку да се излади.

Потоа измешајте сѐ во блендер, додадете малку масло од тиква (ако имате, ако не, може и малку путер или кокосово масло) и неколку потпечени семки од тиква и малку свеж босилек или нане за декорација.

Можете да зачините и со малку сок од лимон или да додадете павлака, или пак двете.