И похуван и посен

Кога некој ќе реши да пости луѓето мислат дека гладува. Всушност, ако го правите тоа често, ќе видите дека има еден куп варијанти на посни и вкусни јадења

0
345

Карфиолот е супер намирница, а кога е подготвена на овој начин има ист вкус како да сте ја похувале со јајца.

Всушност, треба да направите тесто кое ќе биде слично по изглед на она за палачинки.

Ставате бело и пченкарно брашно (можете и по свој избор), малку прашок за пециво, сол, црвен пипер, кисела вода и масло.

Карфиолот го делите на цветчиња и го обарувате кратко во солена вода, потоа секое го ставате во подготвеното тесто и го пржите во врел зејтин.

Многу е вкусно.