Короната ги изеде Моцарт топчињата

Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, позната по производството на Моцарт топки, поднесе барање за стечај во провинцискиот суд во Салцбург.

0
239

Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, позната по производството на Моцарт топки, поднесе барање за стечај во провинцискиот суд во Салцбург.
Поради овој неочекуван крах, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.
„Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди“, напиша директорот Кристијан Шигерл.

Падот на бројот на туристи и разни прослави предизвика ненадеен пад на побарувачката за Моцарт чоколадните топчиња.  Фабриката “Салцбург Чоколада” која ги произведува поднесе барање за стечај.

„Сегашното заклучување и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување, се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им се исплатат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.
Компанијата е основана во 1897 година под името „Рајсигл фабрика за слатки“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.