Зошто е опасно да се јадат сирови бадеми?

Руската нутриционистка Светлана Фус објаснува дека бадемите содржат амигдалин, чии продукти на разградување им даваат на јаткастите плодови специфичен мирис на бадем и горчина. Истовремено се ослободува цијановодородна киселина, која е еден од најсилните отрови.

0
522
Фото: Pexels

Бадемите ја подобруваат работата на кардиоваскуларниот систем и мозокот поради нивните хранливи состојки. Меѓутоа, доколку се консумираат без термичка обработка, може да предизвикаат здравствени проблеми, предупредува руската нутриционистка Светлана Фус.
Според неа, бадемите содржат амигдалин, чии продукти на разградување им даваат на јаткастите плодови специфичен мирис на бадем и горчина. Истовремено се ослободува цијановодородна киселина, која е еден од најсилните отрови.
Во врска со ова, таа објаснила дека по термичка обработка (180 степени во период од 8 до 10 минути), амигдалинот нема да претставува опасност за телото.

Како што изјавила, дневно можеме да јадеме најмногу 30 грама јаткасти плодови.

„Она што е позитивно кај јаткастите плодови е тоа што може да се чуваат долго време без да ги загубат корисните својства и квалитетот на вкусот. Секогаш може да се носат на долго патување и да се консумираат во ситуации кога нема можност или време за сериозен оброк“, додава нутриционистката.