Тостерки

Веројатно сите барем еднаш сте ги пробале овие вкусни домашни колачи кои порано, поточно кога сите дома имавме тостери на склопување (наместо оние од кои изрипуваат стоплени и потпечени лепчиња, но во кои не може да се направи буквално ништо друго), ги правеа нашите баби и мајки. Еве и ние се потсетивме па направивме количина доволна за цела недела да имаме со што да го пиеме кафето

0
1474

Состојки:

1 кг брашно

300 г шеќер

250 г омекнат путер

4 јајца

2 кесички ванилин шеќер

1 прашак за пециво

100 мл млеко

Приготвување:

  1. Изматете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и омекнатиот путер.
  2. Во смесата додадете половина од брашното и прашакот за пециво.
  3. На маса истурете го остатокот од брашното и смесата што ја матевте и замесете тесто.
  4. Оставете го да се одмори 15 минути, а потоа правете топчиња и печете ги на тостер.