Алва од гриз

0
2785

Состојки:
200 г гриз
50 г ореви
50 г суво грозје
1 л вода
4 лажици шеќер
1 лажичка цимет

Приготвување:
1. Сварете ја водата со шеќерот.
2. Запржете го гризот во лонец додека зарумени.
3. Во лонецот со гриз додадете го шербетот со постојано мешање. Додадете ги оревите, сувото грозје и циметот.
4. Сипете ја смесата во сад за послужување. Откако ќе се излади може да ја ставите во фрижидер.