Зошто се јајцата толку добри за слабеење?

0
383

Одамна е познат фактот дека јајцата се нутритивно вредни намирници, со исклучителен протеински профил, а во просек содржат само 70 калории по јајце. И не содржат многу масти. Белката од јајцето се смета за идеален извор на белковини затоа што содржи есенцијални аминокиселини во вистински сооднос.

Отфрлени се теориите дека јајцата го покачуваат холестеролот и дека затоа треба да се избегнуваат, а сѐ почесто се истакнуваат како пожелна намирница, доколку сакате да ослабнете. Богати се со белковини и со здрави масти и иако немаат многу калории, даваат чувство на ситост.

Така, една студија спроведена помеѓу 30 жени со прекумерна тежина кои јаделе јајца за појадок покажала дека јаделе помалку следните 36 часа, додека друга слична студија покажала дека ако јадеме јајца за појадок, тие го забрзуваат губењето на тежината, под услов да внимавате на внесот на калории.

Токму поради холестеролот јајцата се ставени на „црната листа“ од намирници пред триесетина години. Меѓутоа, во текот на последните години сепак заслужено им расте нутриционистичкиот рејтинг. Истражувањето на група научници од Harvard School of Public Health кое траело полни 14 години довело до резултати кои ги прикажале јајцата во сосема позитивно светло.

Студијата е спроведена на 117.000 медицински сестри, а резултатите покажале дека нема разлики во ризикот од болести на срцето кај испитаниците кои јаделе во просек едно јајце неделно и испитаниците кои јаделе повеќе од едно јајце неделно.

Исто така, во новиот извештај од познатата клиника Мајо стои дека консумацијата на четири јајца неделно нема да го зголеми ризикот од болести на срцето, а претерувањето со консумацијата на јајца сепак може да доведе до покачен холестерол. За здрави лица се препорачува да се внесуваат помалку од 300 мг холестерол дневно, додека за лицата кои страдаат од кардиоваскуларни болести или од дијабетес им се препорачува да го ограничат внесот 200 мг дневно.

Фото: Pixabay