Целерот е новиот ѓумбир

Сте се прашале ли некогаш дали можете да го замислите готвењето без оваа намирница?

0
511

Целерот е познат од дамнина, а неговите листови се најдени и во пирамидата на Тутанкамон која датира од 1323.година пред Христос. Го користеле во античка Грција, а се споменува дури и во Илијадата и Одисејата.

Во минатото луѓето го одгледувале во зима и сметале дека го јакне организмот, додека неговите семки биле користени за олеснување на болката. Денеска се користи главно како зачин или прилог, а неговата лековитост е потврдена со бројни истражувања.

Се смета дека целерот изворно потекнува од подрачјето на Италија, а првиот запис за неговото култивирање доаѓа од Франција, од почетокот на 17.век.

Се употребуваат коренот и листовите, а постои и посебен вид целер кој се одгледува заради стебленцата. Тука е и семето од целер кое се употребува во сув облик, како зачин.

Целерот е достапен во текот на целата година, а коренот со лисјата, како и стебленцата можат да се чуваат во пластична кесичка и до една недела.

Во готвените јадења најчесто не го гледаме, но коренот од целерот придонесува за нивната арома и за вкусот.

Иако е ароматичен во свежа состојба, сировиот корен од целер сепак има свое место во одредени салати, а го спаруваме со друг зеленчук со силен вкус, како на пример, со морковот, цвеклото, а одличен е и во комбинација со јаболко.

Пробајте го во салата во оваа комбинација, зачинета со маслиново масло и сок од лимон или оцет.

Фото: Pixabey