Зошто е важно веганите да јадат кикирики?

Нутритивната вредност на кикириките е карактеристична по високиот процент на протеини кои се особено важни за веганите.

0
252

Кикириките се многу калорична намирница, но истовремено и квалитетна и здрава. Затоа, јадете кикирики често, но во умерени количини (околу 30-50 грама излупени кикирики).

Кикириките се исклучително богати со многу есенцијални нутриенти, протеини, квалитетни масти, минерали и витамини.

Во 100 грама кикирики има околу 570 калории. Во тие 100 грама има околу 26 грама протеини, што е во однос на останатите јаткасти плодови поголема количина од останатите. Како и цело јаткасто овошје, кикириките се на цена поради своите маснотии, на 100 грама има околу 49 грама. Пола од вкупните масти се монозаситени (24 – 25 грама), a полинезаситени масти има околу 15 грама. И двете групи на масти се многу важни за организмот и за здравјето, а монозаситените се најквалитетните кои се наоѓаат во храната. Кикириките не содржат холестерол. Јагленохидрати има околу 16 грама. Па се совршена варијанта за вечерни грицки.

Богати се со калиум, магнезиум, фосфор, калциум, бакар, натриум. Сето тоа се минерали, есенцијални за организмот, затоа што се составен дел од електролитите.

Електролитите имаат клучна улога во регулацијата на течностите на организмот и крвта, и имаат голема улога во функционирањето на мускулите и нервниот систем. Кикириките се одлична намирница за дополнување на резервите на изгубените минерали. Содржат железо и цинк кои кај поголемиот дел од овошјето се дефицитарни.

Од витамините, кикириките се богати со ниацином (витамин Б3), фолати, витамин Е. Заради вредноста на фолатите им се препорачува и на бремените жени.

Фото: Pixabey