Туна во конзерва, опасност од труење со жива?

Туната е една од омилени инајчесто користени риби во човековата исхрана. Наспротив своите хранливи вредности, високата содржина на протеини, омега-3 масни киселини и витамин Б, за жал, туната содржи и високо ниво на тешки метали како што е тоа живата.

0
1421

Живата стасува во туната, од водата и од храната со која се храни оваа риба. Консумирањето на преголеми количини на туна може да доведе до сериозни последици, како резултат од зголеменото ниво на жива во организмот.

Колку жива има во туната?

Во споредба со останатите морски риби како лососот, остригите и јастозите, туната содржи значително поголем процент на жива во себе. Живата се акумулира во туната преку синџирот на исхрана, затоа што туната се храни со помали риби кои исто така во себе содржат одредена количина на жива.

Колку конзервирана туна е дозволено да се консумира?

Граничните вредности на дозволената количина жива најмногу зависат од тежината на човекот. Исто така, различни видови на туна содржат различни концентрации жива во себе. Најголема концентрација на жива содржат рибите кои се редатори, од кои предничат белата и синоопашестата туна, додека лајт туната содржи најмала концентрација на жива. Процентот на жива како и на други тетни материи зависи и од маслото во кое е конзервирана, како и од материјалот на амабалажата. Дозволено внесување на конзервирана туна кај возрасите лица е еднаш неделно, додека кај трудниците и кај децата е потребно овој внес да се редуцира на што е можно помала мерка.

Опасност од труење со жива

Акумулацијата на жива во организмот со време може да резултира со изумирање на мозочните клетки со што се губат моторичките способности и помнењето. Прекумерната изложеност на жива исто така води до анксиозност и депресија. Иако консумирањето на морска риба се препорачува кај срцеви заболувања, зголемувањето на концентрацијата на жива во рганизмот доведува и до срцеви заболувања.

Фото:Pixabay