Трилече со краток „рок на траење“

Имав среќа да пробам едно крајче од оваа превкусна варијанта на познатиот колач, во кујната на Ана Радованац од Скопје...толку ѝ останало после „цел“ час откако го направила...ах тие деца!

0
293

Состојки:

10 јајца

12 лажици брашно

1 прашок за пециво

1 чаша (200 мл) шеќер

1 л слатка павлака (Хопла)

400 мл концентрирано млеко со 7,5 % масленост

3 чаши кравјо млеко

Приготвување:

Белките се матат со шеќерот, а потоа полека, мешајќи со лопатка им се додаваат и жолчките, 12 лажици брашно и прашок за пециво. Се пече на 180 степени.

Се мешаат литар ладна слатка павлака, концентрираното и обичното кравјо млеко. Тестото се сече на парчиња додека е се уште млако и се прелива со млечната мешавина, па се премачкува со течен карамел или со нешто поосвежително, како на пример прелив од вишни или нешто слично, и по желба се украсува со некое зрнесто овошје.