Топ 5 генијални мезиња за неочекувани гости

0
1670

Оној момент кога ќе ви заѕвони ѕвончето на врата, а вие ќе сфатите дека не сте подготвиле ништо за послужување на гостите, не очајувајте. Еве пет одлични предлози за „прва помош“ кои сигурно веќе ги имате дома.

Чоколадо. Сите сакаат чоколадо а ако малку го разубавите ќе им се допадне уште повеќе. Стопете го чоколадото, уфрлете ги омилените додатоци, како на пример, суво грозје или друго суво овошје, семки од сончоглед, сусам или лен, евентуално кокос или што веќе ќе најдете дома и оставете го да се здрви. Немарно искршете го па послужете ги гостите.

Пуканки. Едноставни се за приготвување, ефтини, а постои цела низа комбинации со кои можете да ги изненадите гостите. И најважно од се, здрави се и не дебелеат.

Јаткасти плодови. Тие се одлично решение за дружење со вино. Одличен додаток и со сирење и со овошје. Можете да ги искомбинирате и со чоколадо.

Домашни производи како џемови или ајвар. Послужете ги со леб или кифлички. Нема подобро од домашните вкусови кои сте ги приготвиле за зимските денови.

Сиров зеленчук. Моркови, целер, краставица. Било кој од овие зеленчуци со некој брз сос од павлака и зачините што ги имате дома, е одлично решение за брзо и здраво мезе.