Сте пробале ли зелена пица?

0
301

 

 

Секогаш постојат работи кои допрва ќе ги дознаеме и многу за кои никогаш и не сме се запрашале од каде доаѓаат или пак зошто изгледаат токму онака како што изгледаат. Еве некои од нив…

Зелена пица

Најпопуларен фил за пица во Бразил е зелениот грашак! Имено, таму најмногу се цени пицата со тенко тесто и тенок слој на сос од домати врз кој се става грашак – зелена пица! Исто така, во Бразил се популарни филови од морков, јајца од препелица, репка или со суво грозје. Но немаат само Бразилците чуден вкус кога станува збор за храната. Во Франција на пример сакаат пица со јајце на око, а во Шведска ја служат со банана и со кари.

Католички переци

Како настанале переците? Легендата вели дека првите переци биле направени во италијански манастир. Тамошните калуѓери им послужиле на своите ученици како пециво кое било сплетено во форма на прекрстени раце. Во тоа време, околу 610. година ова била вообичаена положба на рацете за време на молитва. Овој деликатес брзо се проширил низ средновековна Европа, а трите дупки на переците го претставуваат светото тројство. Наскоро го поврзувале и со: среќа, долг живот и благосостојба.

Лековит кечап

Во 1800-тата година кечапот се користел во медицината, а особено бил популарен во лекувањето на диарејата. Оваа идеја ја популаризирал др.Џон Кук Бенет кој ги прогласил доматие за чудотворен лек и го објавил рецептот за кечап кој тогаш бил сконцентриран во една таблета и продаван како најново откритие на медицината!

Среќни банани

Бананите можат да помогнат во сузбивањето на депресијата, а исто така се нарекуват и среќно овошј. Богати се со влакна и содржат три природни шеќери: фруктоза, сахароза и глукоза. Наводно лекуваат мамурлук, ги ублажуваат мачнините, штитат од рак на бубрези, дијабетес и остеопороза.