Здрави кекси со зачини

0
844

Состојки:

1 шолја сурови бадеми

1-1,5 шолја брашно од хељда

20-25 свежи урми

½ шолја кокосово или маслиново масло

2 лажички мелен ѓумбир

2 лажички мелен цимет

1 лажичка мелени каранфилчиња

½ лажичка сода бикарбона

Приготвување:

  1. Во блендер или со рачен миксер смешајте ги урмите без семки, маслото и зачините.
  2. Смелете ги бадемите, па помешајте ги со брашното од хељда и со содата. Споите ја оваа мешавина со смесата од урми и зачини и замесете тесто. Ако имате време оставете го да отстои два часа во фрижидер.
  3. Загрејте ја рерната на 150°C. Развлечете го тестото со сукало и колку го направите потенко толку ќе излезат покрцкави. Со модли вадете ги саканите фигури и ставете ги да се печат во тепсија со хартија за печење.
  4. Печете околу 10-20 минути во зависност од дебелината на кексите. Можете да ги украсите со суви брусници.