Салата од рукола со компир и сос од ореви

0
1153

Состојки:

30 г ореви
450 г мали компири
180 г зелена боранија или друг зелен зеленчук
2 лажици бел вински оцет
2 лажица јогурт
1 лажичка сенф
1 лажичка сол бибер
2 лажици масло од ореви
100 г рукола

Приготвување
1. Загрејте ја рерната на 180 степени и потпечете ги оревите околу 8 минути. Откако ќе се изладат исечкајте ги.

2. Сварете ги компирите и боранијата, па исцедете ги.

3. Измешајте ги оцетот, јогуртот, сенфот и солта и додајте бибер. Додајте масло и добро измешајте.

4. Наредете ја руколата во садот, додајте ги компирите и боранијата и сипете од сосот. Одозгора наредете ги потпечените ореви.