Крем од лешници

0
2053

Состојки:

1 шолја лешници
250 г млечно чоколадо
¼ шолја демерара шеќер
½ лажичка сол
¼ шолја масло

Приготвување
1. Потпечете ги лешниците 10-15 минути, на 180 степени. Ставете ги во крпа и истријте ги за да им излезе луспата.

2. Додека се уште топли измешајте ги со чоколадото, шеќерот и солта во блендер. Полека додавајте го маслото.

3. Префрлете го кремот во стаклена тегла и нека отстои на собна температура околу два дена за да се стврдне.