Салата за ручек? Зошто да не…

Кој може да поднесе да јаде масна брза храна на ова топло време?

0
299

Кога станува збор за летото, одлично е што дури и да сакате, не можете да јадете мрсна и калорична храна. Кога температурата расте, се што сакате да внесете во организмот е нешто ладно и освежувачко. Кој може да поднесе да јаде масна брза храна на ова топло време?

Затоа, не се ни обидувајте, туку консумирајте колку што можете повеќе свежо овошје и зеленчук кои сега ги има во изобилство.

Свежите салати се одличен избор за ужинка или дури и како дел од вашиот ручек или вечера. Можете да додадете и малку туна, скуша или харинга или некое нискокалорично месо во салатата и имате одличен ручек.

Имате толку многу избори, но ако сè уште ви недостасуваат идеи, еве го најлесниот и најевтиниот рецепт.

Зелена салата, краставица, морков, маслиново масло и сок од лимон.

Зачинете по вкус и уживајте. Ако имате и некое рипче, ќе добиете вистинска летна гозба.