Розе вината на „Тиквеш“ најдобри во регионот

Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1.200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија.

0
698

На престижниот светски натпревар на розе вина „Le Mondial du Rosé 2016“, што се одржа во Кан, Франција, винарската визба „Тиквеш“ освои два сребрени медали за „Александрија куве“ и „Розе Класик“ од бербата 2015-та. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија.

– Задоволни сме од овој најнов успех на нашите две викококвалитетни розе вина. Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на розе вина е дотолку поголемо ако се знае дека најголемиот број наградени вина потекнуваат од најпознатите светски вински региони во Франција, Шпанија и Италија. Во светот на виното, вброjувањето во тоа друштво е најдобрата можна препорака за квалитетот на нашите вина и е доказ дека „Тиквеш“ располага со знаење и технологија кои му овозможуваат да произведе вина со светски квалитет – вели генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

 

FOTO_Tikves_roze