Ролат од мелено месо, краставички и варени јајца

0
2607

Состојки:

500 г мелено месо

1 кромид

1-2 чешниња лук

Две кришки стар леб натопен во вода

Мешавина од зачини

Сол, бибер, куркума, црвен пипер, италијанска мешавина од суви зачини (рузмарин, босилек, мајчина душица)

1 живо јајце

4 варени јајца

Маслиново масло

50 г сланина

Неколку кисели краставички

Приготвување:

  1. Меленото месо измешајте го со ситно исечканите кромид и лук, 1 јајце, лебот претходно натопен во млака вода и убаво исцеден, зачините и маслиново масло.
  2. На фолија која ќе ја намачкате со масло ставете ја смесата од месо и формирајте правоаголник со дебелина од околу 1 цм.
  3. Врз месото наредете парченца тенко исечена сланина и неколку стапчиња кисели краставички а потоа и варените јајца.
  4. Со помош на фолијата завиткајте го месото во ролат и ставете го во подмачкана тава да се пече на температура од 200 степени.
  5. По 20 минути, одвиткајте ја фолијата и оставете го ролатот да се запече уште 15-20 минути.