Кифлички со урда

0
1050

Состојки:

1 кг брашно

1 сув квасец

1 прашак за пециво

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

200 мл млеко

300 мл јогурт

100 мл зејтин

2 јајца

Ким за поросување

Жолчка за премачкување

Путер

За филот:

Урда

Белка од јајце

Сол, босилек, оригано

Приготвување:

  1. Замесете тесто од сите наведени состојки со тоа што не е лошо малку да го смлачите млекото пред да го ставите во брашното.
  2. Од тестото направете 5 топчиња и покријте ги со крпа. Во меѓувреме пригответе го филот такашто ќе ја измешате урдата со белката од јајце и со зачините.
  3. Од секое тесто расукајте кора која со нож ќе ја поделите на 16 триаголници ако сакате малечки кифлички или на 8 триаголници ако сакате поголеми кифли. Ние направивме пола малечки, пола големи затоа што секако за оваа количина се потребни две тепсии, односно морате да ги печете на два пати. На секој триаголник ставете по една лажичка од филот и обликувајте кифлички.
  4. Кифличките премачкајте ги со жолчка, поросете од кимот и ставете по мало парченце путер.
  5. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека не се заруменат.