Како да се направат германски перек-кифли?

0
1113

Состојки:

3 3/4 шолји плус 1 лажица брашно

1 сув квасец

2 лажици морска сол

1 1/4 шолја млака вода

3 лажици стопен и потоа изладен путер

3 лажици сода за алкалниот раствор

Крупна морска сол

 

Приготвување:

  1. Измешајте ги брашното, квасецот и солта во голем сад.
  2. Во средно голем сад измешајте ги водата и путерот – мешавината треба да е млака. Додадете ги во мешавината со брашно и изматете со миксер и со маталките за тесто. Ако е тестото лепливо додадете уште брашно. Продолжете да месите со раце се додека не добиете мека и еластична топка тесто. Покријте ја со крпа и оставете ја на топло околу 60 минути додека не нарасне двојно.
  3. Кога ќе нарасне, премесете го тестото и поделете го на 10 еднакви делови. Набрашнете ги рацете и почнете да ги обликувате пецивата, а потоа оставете ги покриени со крпа уште 20-тина минути.
  4. Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе две тепсии за печење такашто ќе ги обложите со хартија за печење.
  5. Во големо тенџере, доволно широко за да собере две пецива, ставете 4¼ шолји вода и сода бикарбона и почекајте да зовријат. Кога ќе се направи пена, со лажица полека ставете две од приготвените пецива во зовриената мешавина и варете ги по 30 секунди од двете страни, а потоа вадете ги и редете ги врз хартијата за печење. Повторете ја постапката со сите 10 пецива (две по две). Направете крст такашто ќе ги засечете со нож и поросете ги со крупна морска сол.
  6. Печете ги околу 15 минути или додека не добијат убава златно кафена боја. Уживајте во топлите пецива со путер.