Редици за храна со поминат рок во Данска

Цените се речиси половина од вообичаените.

0
526
Проектот Wefood, преку кој се продава храна со поминат рок, привлече огромен број купувачи во продавницата во Данска пред чии каси постојано има долги редици. Поради тоа, овој месец, отворена е и втора продавница во богатото соседство Норебро во Копенхаген.

-Нели е одлично? – вели пензионерката Олга Фруерлунг, земајќи тегла слатко и додавајчи дека слаткото трае сто години, бидејќи има шеќер во него.

Продавањето на храна со поминат рок е легално во Данска, сѐ додека се рекламира како таква и нема опасност доколку се консумира.

-Проверуваме, мирисаме, го тестираме производот за да видиме дали сѐ уште може да се јаде – вели Басел Хмеидан, раководител на проектот.

Сите производи се донирани од производители, компании за увоз и извоз и локални супермаркети, а ги собираат вработените на Wefood, од кои сите се волонтери. Профитот на супермаркетот се донира во хуманитарни цели.

Цените се речиси половина од вообичаените.