„Пржени“ лепчиња, печени во рерна?!

Иако насловот е малку чуден, најдобро ги објаснува овие лепчиња со вкус на пржени, но наместо тоа, печени во рерна

0
1002

Ако сакате пржени лепчиња, а ретко ги правите затоа што притоа се замирисува цела куќа, се троши многу зејтин, ви загоруваат и чадат, нашата нова пријателка Сара Кочан, во интервјуто за порталот „Мајка и дете“ ни даде одлична идеја.

Сара вели: Изматете јајца, додадете малку млеко и сол и исто како и лепчињата кои ги пржите, натопете ги во смесата, а потоа само наредете ги врз хартија за печење.

Ставете ги во рерна и за 3-4 минути имате готов појадок, а лепчињата не се мрсни, кујната не е зачадена, а вие не мора да стоите покрај шпоретот да ги вртите за да се испржат од двете страни.

Нашиве не се многу репрезентативни затоа што лебот се ронеше, ама беа вкусни.