Како да направите сок за прочистување на црниот дроб

Црниот дроб е секако еден од најважните витални органи во нашето тело. Луѓето денеска живеат многу нездрав живот што многу влијае на здравјето на црниот дроб и останатите органи. Еве како  да го прочистите и да го детоксицирате вашиот црн дроб.

0
757

Следниов рецепт за сок многу добро влијае врз здравјето на црниот дроб, но и врз целиот организам. Овој сок содржи овошје, зеленчук, житарки и за кратко време ќе ве препороди.

Напитокот треба да содржи:

Лимон

Според истражувањата лимонот е многу богат со критични киселини кои го подобруваат варењето кое е многу важно и за добра работа на црниот дроб. Исто така, лимонот поседува моќни антисептички својства, кои спречуваат настанување на лоши бактерии во дигестивниот тракт.

Ѓумбир

Докажано е дека ѓумбирот поволно делува на разни оштетувања на црниот дроб ообено на „замастен црн дроб“, затоа што ја намалува отпорноста на инсулин и може да спречи воспаление.

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи антиоксиданти, кои добро влијаат на здравјето на црниот дроб. Сокот од грејпфрут спречува проблеми со метаболизмот и го намалува нивото на масти во организмот, кој е еден од главните предизвикувачи за формирање на масен црн дроб.

Ленено семе

Ленот е познат како билка која е пребогата со антиоксиданти, а истражувањата докажале дека многу добро влијае на нивото на масти насобрани во црниот дроб.

Лук

Лукот е извонреден извор на протеини, аминокиселини и меетаболити, со чија консумација го штитиме црниот дроб од штетни материи.

Ким во прав

Дериватите од семки или прав од ким можат да стабилизираат многу функции на телесниот систем. Игра многу важна улога во стимулирањето на црниот дроб да произведува жолч што е многу важно за добро варење.

Свежо нане

Нането се смета за едно од најефикасните растенија кога станува збор за подобрување на здравјето на црниот дроб. Истражувањата покажале дека нането ја подобрува функцијата на црниот дроб и може да го заштити црниот дроб од цироза.

Сок за прочистување на црниот дроб:

500 мл вода (преварена и изладена)

6 свежи лимони

Корен од ѓумбир

3 грејпфрути

4 чешниња лук

3-4 прстофати ким во прав

3-4 листа свежо нане

3 лажици ленено масло

Исцедете ги сокот од грејпфрут и лимон, лукот и ѓумбирот исечкајте ги во блендер со малку вода и процедете за да не останат парченца. Помешајте ги сокот од лимон и грејпфрут со вода и измешајте во блендер со кимот и лененото масло, додадете ги лукот и ѓумбирот, уште малку измешајте и напитокот е готов.

Сок за детоксикација на црниот дроб

125 г свежа зелка

1 лимон

25 г целер

Круша

Корен од ѓумбир

500 мл вода

Свежо нане

Измешајте ги сите состојки во блендер и пијте. Овој напиток ќе му помогне на црниот дроб што подобро да ги ифрли токсините од организмот.

Овие напитоци би требало да ги пиете секое утро, започнете го денот со нив, пијте ги наизменично за да не ви здодеат и самите ќе ја почувствувате промената.