Познатата глумица во гастро води

Џесика Бил конечно ја оствари својата голема желба и отвори ресторан во Лос Ангелес

0
296

Популарната американска глумица Џесика Бил последната година е посветена на на необичниот ресторан „Au Fudge“ во Лос Ангелес. Иако и сама знае да подготвува слатки, сепак таа одговорност им ја препуштила на професионалците, а себеси си ја наменила улогата на креативен директор.

„Au Fudge“ не е само ресторан на чија сопственичка листа е запишано познато име, туку и едно од ретките места кое е познато како пријателско за деца. Покрај тоа што има куќичка на дрво, играчки, сликовници, тајни простории и забавно мени, предност е и персоналот што ги анимира децата.

На тој начин родителите можат на мир да седнат и да јадат, а потоа да си земат и некој алкохолен пијалок во одвоен бар..Овој ресторан станал омилен и за познатите колеги на Џесика па чести гости се Криси Тајген и Џон Леџенд со ќеркичката Луна, како и Џесика Алба со ќеркичките.