Македонските шефови се вратија со три златни медали од Измир

Тимот на ГастроМак Македонија, освои три златни медали на годинешниот Прв интернационален гастрономски натпревар во Измир, Турција, кој што се одржа од 06 до 08 мај, 2017 година.

0
658

Тимот на готвачи на Македонската Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, составен од шеф Бобан Билбиловски, Лирим Даути и Цветанче Тодоровски, се натпреваруваа на Првиот интернационален гастрономски натпревар во Измир, Турција, кој се одржа од 06 до 08 мај. Тимот на ГастроМак Македонија се натпреваруваше во категоријата приготвување на риба, при што со нивните кулинарски вештини и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на интернационалното жири, а освоија и три златни медали.

„Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажаа дека можат да се носат рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија. Уште повеќе, да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии“’, изјави претседателката на асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.

Исто така, на Асоцијацијата ѝ беше укажана доверба, со тоа што на овој интернационален натпревар, како член на меѓународното жири, беше делегиран и еден од основачите на ГастроМак Македонија, Бесим Латифи, кој е лиценциран судија од WACS – Светската организација на шефови на кујни.

„Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација“, изјави Латифи.

Ова се наградените специјалитети од риба: