Портокалови њоки од тиква

Варената тиква и варениот компир се заслужни за фантастично меките и портокалови њоки.

0
235

Состојки:

500 г тиква

100 г компири

200 г брашно

1 белка

сол, црн пипер

Приготвување:

Исечкајте го месото од тиквата и печете 40 минути на 200 степени Целзиусови. Оладете и испасирајте го заедно со варениот компир.

Во сад помешајте ги тиквата, брашното, компирот, белката и малку сол. На набрашнета подлога расукајте го тестото и поделете го на помали парченца со размер од 2 цм. Исечете ги њоките и сварете ги во посолена вода. Послужете ги со сос од домати и со пармезан.