Безглутенски меден колач со тиква

Основата на овој колач се кралицата на есента, тиквата и мелениот рогач. Овојпат не ви треба брашно

0
541

Состојки:

200 г мелени бадеми

50 г мелен рогач

1/2 лажичка сода бикарбона

250 г пире од печена тиква

3 јајца

50 г растопен путер

2 лажици мед
1 лажица мармалад од портокал или кора од 1 портокал

1/2 лажичка цимет
1/3 лажичка мелен кардамом
1/3 лажичка мелен ѓумбир
100 г суво грозје

За премачкување:

100 г пропржени бадеми

100 г мармалад од портокал

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Помешајте ги сите суви состојки. Течните состојки измешајте ги одделно па соединете ги со сувите. Не мешајте премногу и ставете ја смесата во еден поголем калап ии печете 25-30 минути.

Додека се пече, испржете ги бадемите и исечкајте ги на помали парченца. Печениот колач премачкајте го со мармалад од портокал и поросете го со бадемите.