Кекси од рогач и чиа семки

Еве еден одличен здрав рецепт, без додадени шеќери од само пет состојки.

0
316

Состојки:

1/3 шолја рогач во прав

3 лажици чиа семки

3-4 ореви

1 шолја суво грозје

5 урми без семки

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Формирајте од смесата кекси со соодветни калапи или направете бомбици па само притиснете ги и сплескајте ги во форма на кекси. Печете ги 30 минути на 180 степени. Чувајте ги во фрижидер.