Печени круши со сирење и ф’стаци

0
343

Состојки:

2 лажици сенф со мед

1 лажица маслиново масло

1 лажичка сок од лимон

¼ лажичка сол

½ лажичка свежо мелен црн пипер

2 зрели круши

Околу 60 г крем сирење

4 лажички сечкани и потпечени ф’стаци

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната и подгответе ја тепсијата за печење такашто ќе ја подмачкате со путер или ќе ставите хартија за печење.
  2. Измешајте ги сенфот, маслото, сокот од лимон, солта и пиперот во еден сад.
  3. Поделете ги крушите на половини и исечете го заоблениот дел за да можат половините да лежат стабилно на подлогата.
  4. Премачкајте ги крушите со подготвената мешавина и ставете ги да се печат околу 30 минути, а потоа извадете ги и ставете им одозгора по едно парче Бри сирење или некој друг тип на крем-сирење и печете уште 3-5 минути, додека сирењето не се растопи.
  5. Попрскајте секое од парчињата со по 1 лажичка сечкани ф’стаци и послужете.