Состојки:
600 г тиква
3 лажици маслиново масло
2 лажици сусам (по желба)
3 лажици мед
1 лажица балсамико оцет
100 г дробено фета сирење
1/2 лажичка толчен лут пипер (по желба)
сол, црн пипер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 210oC. Ставете во тепсијата хартија за печење.
Излупете ја тиквата, исечете ја на коцки и попрскајте ги со маслото. Печете околу 20 минути во рерна.
Извадете ја тиквата од рерна и поросете ја со сусам и печете уште 10 минути.
Извадете ја тиквата, ставете ја во чинија,м прелијте со мед, оцет, поросете со лут толчен пипер и додадете здробено фета сирење. Зачинете со сол и црн пипер и послужете.