Едноставна пита со блитва и урда

Исполнете ја кујната со прекрасни мириси и вкусови на убава домашна пита со свежа урда и блитва

0
2194

Додека питата се пече можете да подготвите кисело млеко со вашите омилени зачини, па да го послужите заедно со питата. Пред да ја ставите да се пече, премачкајте ја со стопен путер и жолчка за да добие крцкава кора.

Состојки:

За тестото:

550 г брашно
вода
2 лажици зејтин
1 лажица сув квасец

За филот:

800 г блитва
500 г свежа урда
4 јајца
сол
1 лажица маслиново масло
лажици павлака

Приготвување:

1. Помешајте ги сите состојки за тестото и добро измесете го.
Направете топка од тестото, покријте ја со чиста крпа и оставете ја настрана.
2. Исчистете ја и измијте ја блитвата па исечете ја на ленти и оставете ја да се исцеди.
Загрејте во тенџере маслиново масло па додадете ја блитвата, посолете и мешајте ја на умерена температура се додека не омекне, исцедете ја па помешајте ја со урдата, сирењето и павлаката.
3. Поделете го тестото на пола па расукајте ги двете половини на еднакви делови. Ставете еден дел од тестото на дното од калапот премачкан со путер. Потоа ставете го филот, па покријте го со другиот дел од тестото и избоцкајте ја површината со вилушка.
4. Премачкајте со стопен путер и со жолчка и печете околу 45 минути на 200 степени.