Намалете го холестеролот со природни напитоци

Освен редуцирање на исхраната и физичка активност, некои од најефикасните решенија за покачениот холестерол нудат и лековитите билки

0
788

Обилните и тешки оброци во текот на зимскиот период кај голем број луѓе резултираат со покачен холестерол. Уште со првите пролетни температури многумина почнуваат нагло да чувствуваат замор како последица од лепењето на мастите долж артериските ѕидови.

Покачениот холестерол во крвта се смета за еден од најголемите и најчести проблеми на современиот човек. Целосното отустсво на спортски активности и рекреација, недостатокјот од движење во текот на денот, лошо комбинирање на намирниците, исхрана богата со штетни трансмасни киселини, се само некои од причинителите за настанување на маснотии во крвта.

Холестеролот може да резултира со затнување на артериите и со отежнат проток на крвта предизвикувајќи ангиозни болки, инфаркт или дури и мозочен удар. Освен редуцирање на исхраната, лековитите билки нудат некои од најефикасните решенија за сите оние кои подолго се борат со овој проблем и сите кои имаат генетска предиспозиција за настанување на оваа болест.

За да се зачуваат маснотиите во дозволените граници, би требало да одвоите 30 до 60 минути дневно за физичка активност, но не мора вежбите да ги правите наеднаш, туку неколку пати во денот по 10 минути. Препораката е да се занимавате со спорт вкупно околу 150 минути неделно.

Напиток од целер и лимони

Исечкајте три непрскани лимони со кора и 500 грама свежи листови и стебленца од целер и добро смелете ги во блендер. Кашестата смеса прелијте ја со претходно сварена и изладена вода и добро измешајте. Покријте ја и оставете ја да стои цела ноќ, а утрото исцедете го напитокот и ставете го во стаклено шише. Пијте наутро и навечер по 500 мл од овој напиток, пред јадење. Консумирајте го напитокот интензивно два до три месеци.

Чај од целер

Исчистете и исечкајте два до три целери (корен, стебленца и листови) и варете ги 15 минути. Вака сварениот чај исцедете го и пијте незаблажено по две шолји на ден. Можете да му додадете и сок од лимон или морков.

Ѓумбир во мед

Добро измијте еден корен од ѓумбир и изрендајте го во тегла со еден килограм мед. Овој лек за холестерол земајте го пред секој оброк по 1 лажица.

Цимет во чај

Две лажици мед и три лажички цимет ставете во 400 мл чај од нане. Консумирајте го чајот  три пати на ден пред секој оброк.

Напиток од лимон и лук

Смелете во блендер околу 30 чешниња лук и измешајте ги со четири ситно исечкани лимони со кора. Ставете ја смесата во два литри вода и се заедно варете до вриење, а потоа оставете го да се олади. Ставете ја смесата во тегли и чувајте ја во фрижидер. Консумирајте еднаш дневно по 50 мл на празен стомак пред ручек. После три недели направете пауза од една недела, па повторете ја постапката.

Напиток од каранфилчиња

Ставете пет грама каранфилчиња во шише со два литри ладна вода, поклопете го и оставете го да стои три дена во фрижидер. Напитокот консумирајте го секое утро на празен стомак по 100 мл во траење од три недели.