За што сѐ е добар овој волшебен зачин?

Циметот е добар за варењето, при инфекции на бубрези, при настинка, грип, хипертензија и дијабетес, а покажал и добри резултати во лекувањето на рак. Ја подобрува работата на мозочните вијуги, а го поттикнува и слабеењето.

0
575

Циметот е еден од оние зачини кои можеме да ги третираме како волшебни. Лековит е и обично ни асоцира на неодоливите пити, на варено вино, а добар е и за одржување на линијата. Затоа почетокот на пролетта е вистинско време што побргу да го вметнете во својата исхрана.

Циметот е добар во борбата со варењето, при инфекции на бубрезите, при настинка, грип, хипертензија и дијабетес, а покажал и добри резултати во лекувањето на рак. Богат е со витамин Б која ја подобрува работата на мозочните вијуги.

Дијабетес

Циметот го регулира метаболизмот такашто ја подобрува чувствителноста на хормонот инсулин кој е одговорен за транспорт на шеќерот од крвта во клетките. Го снижува нивото на шеќер во крвта, значајно ја подобрува апсорпцијата на глукоза, но делува побавно од инсулинот и така помага во превенцијата на дијабетес тип 2.

Енергија

Циметот го крева нивото на енергија. Додадете прстофат во утринското кафе, во овесните снегулки, во смути или во чај или едноставно поросете по тост намачкан со мед.

Рак

Истражувањата докажале дека штити од рак, намалувајќи го растот на туморските клетки.

Слабеење

Истражувањата покажале дека циметот е подобар избор за забрзување на метаболзимот од чилито затоа што има поприфатлив вкус. Земајте по една до две лажички на ден и ќе забележите разлика и тоа без многу труд.

Заби

Овој зачин може да ја ублажи инфекцијата на забите. Измешајте малку цимет и мед па нанесете го директно на забот што ве боли. Држете го 10 минути и исплакнете или едноставно голтнете.

За подобар сон

Загрејте го млекото, додадете стапче цимет, поклопете и оставете го да стои 10 минути. Испијте го барем еден час пред спиење.

Чај

Чајот од цимет е еден од најделотворните начини на го регулирате шеќерот во крвта. Оставете ја водата да зоврие и додадете лажичка цимет. Оставете да отстои 15 минути.