Вареното вино може да има значајна енергетска вредност па ви советуваме белиот рафиниран шеќер да го замените со кафеав.
Бело варено вино
Состојки:
2 литри бело вино
3 портокали
7 лажици шеќер
Стапче цимет
8 каранфилчиња
Приготвување:
Исцедете ги портокалите. Додадете го во виното со шеќерот, циметот и каранфилчињата. Полека загревајте до зовривање па намалете ја температурата и оставете го да врие на тивко уште 15 минути. Послужете го врело.
Црно варено вино
Состојки:
1 литар црно вино
Лимон
2 стапчиња цимет
8 каранфилчиња
3 лажици шеќер
Приготвување:
Исечете го лимонот на кришки. Загрејте го виното со шеќерот и зачините, додадете го лимонот па оставете се заедно да се вари полека 5 минути. Тргнете го од рингла, покријте го тенџерето и оставете го да отстои 1 час. Пред послужување повторно загрејте го.