Еликсир од две состојки кој подмладува и чисти од токсини

За време на празниците сите се опуштаме па не е лошо да го имате на ум овој еликсир за прочистување на ццрниот дроб од само две состојки.

0
1314

Сите знаеме дека црниот дроб ги отстранува од организмот штетните материи, но неговата улога е уште поголема.

Во него се складираат железо и одредени витамини како и глукоза која црниот дроб ја испушта во крвотокот кога на телото му е потребно повеќе шеќер за енергија.

Црниот дроб исто така ги испушта и старите крвни зрнца, инсулин и други хормони.

Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма. Црниот дроб е орган кој служи за складирање на хранливи материи и за неутрализирање на штетните материи.

Но денешната исхрана е полна со штетни материи кои црниот дроб не може сам да ги уништи заради што му е потребна сета можна помош.

Како ви дава телото на знаење дека е полно со токсини? Симптоми се главоболката, заморот, ум на кој му недостасува бистрина, иритабилност, болка во зглобовите, запек, премногу гасови, надуеност и дебелеење.

Знак дека во телото се наталожиле отрови се и темните кругови околу очите и тенот без сјај.

Еликсирот кој го прочистува црниот дроб и целиот организам и помага да изгледаме здраво, младолико и свежо, содржи само две состојки: маслиново масло и сок од лимон.

Помешајте една лажица масло и една лажица сок од лимон и испијте ги наутро на гладно. И маслиновото масло и сокот од лимон се полни со антиоксиданси кои го отстрануваат вишокот на слободни радикали, ги штитат здравите клетки од оштетувања и ги неутрализираат токсините.