Готово за 30 минути: Пикантна брокула со компир и ѓумбир

0
666

Состојки:

Главица брокула
2 компири
3 лажици маслиново масло
Чешне лук
Чили пиперчиња
Парче ѓумбир
Сол

Приготвување:

Нека зоврие водата па додадете ги исечканите копири и варете ги девет минути.
Додадете ја и исечканата брокула и варете ги заедно уште 6 минути.
Исцедете ги, а садот во кој се вареа вратете го на рингла и додадете маслиново масло, чили пиперче, лук и ѓумбир.
Исцедената брокула и компирите вратете ги во садот, посолете, измешајте и послужете.