Како да подготвите вистински домашен милиброд со ореви?

0
3949

Состојки:

За тестото:

400 г брашно
200 мл млеко
60 г шеќер
2 жолчки
80 г путер
1 свеж квасец
Рендана кора од ½ лимон
Прстофат сол

Фил:

500 г мелени ореви
200 мл млеко
150 г шеќер
Рендана кора од ½ лимон
1 лажица рум
1 јајце за премачкување

Приготвување:

Ставете го во мал сад квасецот, лажица брашно, лажица шеќер и малку мллако млеко и оставете го 10-тина минути да надојде.

Во голем сад измешајте ги путерот (на собна температура) со шеќерот, па додавајте ги наизменично брашното и мекото, а на крајот и подготвениот квасец. Тестото треба да биде помеко, па ако ви се чини дека е тврдо додадете уште малку млеко. Мешајте го тестото со додека не почне да се одвојува од садот. Пoкријте ги со крпа и оставете го на топло 1 час.

Во меѓувреме направете го филот. Сварете го млекото заедно со шеќерот па прелијте ги меллените ореви. Во смесата додадете рендана кора од лимон и рум. Ако сакате ставете во филот и малку суво грозје.
Поделете го тестото на два еднакви делови, расукајте ги и премачкајте ги со филот. Завиткајте ги во ролат и ставете ги во набрашнета тепсија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и печете на тивко на температура од 160 степени околу 1 час.