Иако сите варијанти на бостанот се членови на семејството Cucurbitaceae, кое ги вклучува тиквичките, тиквите и краставиците, тој се смета за овошје, а не за зеленчук. Бостанот го има во две категории: со семе распрскано низ месото и со семе сконцентрирано во средината. Го има во разни бои, облици и големини.

Да се избере добар, зрел бостан може да биде тешко за почетник. Кога купувате побарајте го местото каде лубеницaта лежела на земја. Ако лубеницата е зрела, тоа место ќе биде кремаво бело или жолто. Потоа, чукнете ја лубеницата и слушнете го звукот – тоа е уште еден знак за зрела лубеница.

Ако купувате пресечени парчиња, избирајте такви со зрело месо и со малку бели зрна. Тие се знак дека лубеницата е прерано набрана.

Кога ќе ја донесете лубеницата дома измијте ја со сапун и вода, па потоа пресечете ја. Може да се чува на собна темература 2 до 4 дена, но кога ќе се пресече се чува во фрижидер до 5 дена. Се служи на собна темература.

Бостанот треба да биде важен дел од вашето летно мени. Освен што содржи, ликопен, бета каротен и калиум, бостанот нема масти што е одлично за тие што држат диета.

Бостанот има мошне високо количество вода, околу 92 отсто, затоа е добар за гаснење на жедта.

Лубениците потекнуваат од Африка. Првото одгледување почнало во стариот Египет, за што зборуваат записите на хиероглифите. Ова овошје толку било почитувано што го ставале и во гробниците на многу египетски кралеви.

Во Кина е донесено околу 10 век, а потоа го освоиле светот. Најголем производител е Русија, каде се прави и мошне ценето вино од лубеница. Извор е на витамин Ц, А, Б1, Б6, калиум и магнезиум.