Првиот знак за летото, познат кај Кинезите, со значење скапоцен во латинскиот, кајсијата или Prunus armeniaca L, има верни вљубеници во повеќето земји, а особено во Авганистан, Турција, Иран, Мароко и Сирија. Тоа се дел од земјите каде кајсијата дошла за првпат од Кина.

Денес, Турција се смета за најголем одгледувач на кајсии, од кои најголемиот дел како суви се извезуваат во Европа. Во САД, Калифорнија е производител број еден на кајсии.

Кога ќе најдете свежи кајсии на вашиот пазар, не двоумете се, оти нивната сезона трае кратко. Изберете кајсии кои се жолто-портокалови и цврсти. Носете ги нежно зашто се кршливи и лесно помодруваат. Чувајте ги на ладна собна темература. Незрелите кајсии немаат никаков вкус. За да го забрзате нивното зреење, во кутијата со кајсии ставете банана, јаболко или авокадо. Тие ќе го зголемат нивото на гасот етилен кој ќе го забрза зреењето.

Кајсијата може да се користи во кујната во разни комбинации и затоа е најдобар пријател на готвачите.

Кајсијата е здрава за срцето, содржи витамин А и овозможува добро здравје на видот. Добар извор е на влакна, кои помагаат во превенција на констипација. Редовното јадење храна богата со ликопен, како што се кајсиите, и пиењето зелен чај може да ја намали можноста за развој на рак на простата.

Комерцијално одглеуваните суви кајсии може да бидат третирани со сулфур диоксид, со цел да се заштитат и да траат подолго. Но, некои луѓе, еден во стотина, може да биде чувствителен на таа состојка. Особено, лицата што страдаат од астма. Сувите кајсии нетретирани со сулфати имаат кафена боја и се поздрави за лицата чувствителни на сулфати. Органскки третираните кајсии не содржат вакви состојки.

Покрај витамин А, извор се витамин Ц и калиум. Содржи каротеноиди, кои даваат црвена, портокалова и жолта боја на овошјата и зеленчукот. Моќниот антиоксиданс ликопен е еден од каротеноидите што ги има во кајсијата.