Корејски палачинки

0
418

Состојки:

  1. Кинеска зелка
  2. Морков
  3. Црвена пиперка
  4. Компир
  5. Млад кромид
  6. Тиквица
  7. 350 г брашно
  8. 1 јајце
  9. 1 чешне лук
  10. 400 мл вода
  11. 50 мл соја сос
  12. Оцет балсамико, маслиново масло
  13. Сол, лимонова трева (можете да употребите содржина од една кесичка чај од лимонова трева)
  14. Ким, сусам, лен

Приготвување:

  1. Исчистете го зеленчукот и исечкајте го или изрендајте го.
  2. Од брашното, водата, јајцето, солта и содржината од кесичката за чај од лимонова трева направете течна смеса како за палачинки. Прелијте ја смесата врз зеленчукот и се убаво измешајте.
  3. Загрејте ја тавата за палачинки и малку маслиново масло и со лажица ставајте од смесата и печете ги на ист начин како и обичпните палачинки. Гледајте да не се подебели од околу 1 цм.
  4. Можете да ги исечете на помали триголници и да ги послужите со сос што ќе го направите од 50 мл соја сос, 25 мл вода, ½ лажица оцет балсамико и пола лажица маслиново или масло од сусам. Додадете и 1 лажица шеќер, лажичка црвен пипер, лажичка семки по ваш избор и згмечено чешне лук.