Како да направите здрав чипс од зеленчуци?

0
778

Познато е дека чипсот има многу калории, маснотии и сол и дека не е добро да се јаде ниту за нашето здравје, ниту пак за нашата линија. Овој период кога на пазарите почна да излегува свеж зеленчук зошто не би си направиле некоја друга здрава варијанта на чипс?

Така, освен што нема да се дебелеете, во организмот ќе внесете и витамини, а чипсот, кој и да го одберете, се прави за само 15-тина минути, вкупно.

Čips koji možete grickati bez grižnje savjesti (фото 1)

Моркови
Морковите се богати со каротеноиди кои го штитат организмот од болести на крвотокот и го регулираат шеќерот. Тие се одличен извор на калиум, витамини и диетални влакна. За да направите чипс од моркови во еден стаклен сад измешајте малку маслиново масло, куркума, сол, црн пипер и лук во прав. Исечете го морковот на тенки ленти и ставете ги во сад. Врз нив прелијте ја смесата од масло и зачини и со помош на прстите распоредете ја врз нив. Оставете ги неколку минути па ставете ги во тенок слој врз хартија за печење и печете околу 10 минути на 180 степени. .

Čips koji možete grickati bez grižnje savjesti (фото 2)

Јаболки

Измешајте во лонче две лажици кафеав шеќер, 4 лажици вода, 1 лажива јаболков оцет, 1 лажичка сок од лимон и малку цимет. Загревајте ја смесата додека шеќерот не се стопи. Едно поголемо јаболко преполовете и исечете го на тенки кришки. Натопете ги кришките од едната страна во загреаната смеса и наредетe ги врз хартија за печење со натопената страна нагоре. Печете на 100 степени околу 1 час, додека кришките јаболко не станат крцкави.

Čips koji možete grickati bez grižnje savjesti (фото 3)

Батат

Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете го бататот, а доколку сте сигурни во производтелот, само измијте го и добро исушете го со крпа. Исечете го на тенки кришки и наредете ги врз хартија за печење. Од две лажици кокосово масло, кромид во прав, малку црн пипер и сол, напревете прелив и нанесете го со четкичка врз кришките батат. Печете 10-тина минути и кога ќе се зарумени свртете ги од другата страна и продолжете да печете уште две минути, односно додека не станат крцкави.

Čips koji možete grickati bez grižnje savjesti (фото 4)

Кељ

Убаво измијте ги одвоените листови кељ и исушете ги врз кујнска крпа. Две лажици сок од лимон помешајте со две лажици маслиново масло, малку чили, мелени бадеми и сол и прелијте ја смесата врз парчињата листови кељ и распоредете ги врз хартија за печење и ставете ги во рерна на 170 степени. Сушете ги десетина минути, додека рабовите од кељот не почнат да темнеат.. Нека се олади пред послужување.

Čips koji možete grickati bez grižnje savjesti (фото 5)

Цвекло

Цвеклото е добар извор на витамин Ц, фолна киселина, железо, магнезиум и други витамини и минерали и е неодминлива намирница за детоксикација затоа што ја поттикнува работата на црниот дроб. За чипс од цвекло потребни ви се маслиново масло, малку оцет балзамико, лажичка мед, сол и црн пипер. Загрејте ја рерната  на 180 степени. Излупете го цвеклото и исечете го на тенки парчиња. Помешајте го во еден сад со подготвената смеса и распоредете врз хартија за печење. Печете 10-15 минути, превртете ги од другата страна и печете уште толку.

Čips koji možete grickati bez grižnje savjesti (фото 6)

Тиквички

Измијте ги тиквиците и исечете ги на тенки тркалца. Натопете ги во белка, а потоа во рендан пармезан. Наредете ги тиквиците врз хартија за печење и печете 20-25 минути, односно додека благо не заруменат. Посолете, оладете и послужете.