Состојки:
- Кинеска зелка
- Морков
- Црвена пиперка
- Компир
- Млад кромид
- Тиквица
- 350 г брашно
- 1 јајце
- 1 чешне лук
- 400 мл вода
- 50 мл соја сос
- Оцет балсамико, маслиново масло
- Сол, лимонова трева (можете да употребите содржина од една кесичка чај од лимонова трева)
- Ким, сусам, лен
Приготвување:
- Исчистете го зеленчукот и исечкајте го или изрендајте го.
- Од брашното, водата, јајцето, солта и содржината од кесичката за чај од лимонова трева направете течна смеса како за палачинки. Прелијте ја смесата врз зеленчукот и се убаво измешајте.
- Загрејте ја тавата за палачинки и малку маслиново масло и со лажица ставајте од смесата и печете ги на ист начин како и обичпните палачинки. Гледајте да не се подебели од околу 1 цм.
- Можете да ги исечете на помали триголници и да ги послужите со сос што ќе го направите од 50 мл соја сос, 25 мл вода, ½ лажица оцет балсамико и пола лажица маслиново или масло од сусам. Додадете и 1 лажица шеќер, лажичка црвен пипер, лажичка семки по ваш избор и згмечено чешне лук.